Министерот за здравство на полска Адам Ниѕиелски и првиот човек на канцеларијата на премиерот, Михал Дворчик, на заедничка прес-конференција соопштија Националната програма за вакцинација против Ковид-19 започнува.
Вкупно околу 8000 пунктови за вакцинирање, по еден во секоја општина, ќе бидат достапни за граѓаните на Полска. Процесот ќе започне во втората половина на јануари.
Околу 40 до 50 илјади здравствени работници ќе земат учество во програмата за вакцинација.
Основната цена за давачот на здравствени услуги ќе изнесува 13,68 евра, за една вакцина. Оваа цена може да порасне доколку пациентот има потреба да биде транспортиран или доколку вакцината ја прими во својот дом.