Свет 27. декември 2020. / 22:11

Прогласена вонредна состојба во Пекинг поради шест нови случаи на коронавирус

Прогласена вонредна состојба во Пекинг поради шест нови случаи на коронавирус

Прогласена е вонредна состојба во Пекинг откако во саботата беа регистрирани шест нови случаи на коронавирус.

По одлуката за прогласување вонредна состојба, влезовите и излезите кон сите населби каде што е регистриран вирусот беа затворени. Исто така, зголемен е бројот на инспекции и контроли на сите локации со голем број посетители.

Во Пекинг е прогласена вонредна состојба по наглото зголемување на бројот на лица заразени со коронавирус во областа Шуњи, лоцирана на северо-истокот на главниот град, во близина на меѓународниот аеродром во Пекинг.

Планирано е да се тестираат околу 800.000 луѓе во 92 лаборатории во округот Шуњи.

Властите во Пекинг прогласија вонредна состојба за заострување на мерките против КОВИД-19 и е одлучено да се откажат прославите, патувањата надвор од градот и колективните новогодишни забави, како и верските настани во градот.

Градските власти најавија дека студентите не треба да го напуштаат Пекинг во наредниот период.