Свет 17. ноември 2019. / 15:15

Продолжува да паѓа популарноста на Макрон

Продолжува да паѓа популарноста на Макрон

Само 33 отсто од Французите велат дека се задоволни од работата на претседателот, Емануел Макрон, со што продолжува трендот на опаѓање на поддршката што ја има шефот на Франција меѓу француските граѓани.

Според истражувањето на „Ифоп“ за „Ле Журнал ди Диманш“, популарноста на Емануел Макрон загубила еден поен во ноември, и сега изнесува 33 отсто на Французи задоволни од неговата работа, наспроти 65 отсто (+1 отсто) кои се незадоволни. Бројот на оние кои не се изјаснуваат останува стабилна на два отсто.

Ова е вторпат како популарноста на Макрон забележува намалување, по падот од еден поен во септември. Неговата популарност посетепно се зголемуваше во текот на другите месеци од декември 2018 година, кога во најголемиот ек на кризата на „жолтите елеци“ падна на 23 отсто.

Популарноста на премиерот Филип Филип во ноември се зголеми за еден поен на 37 отсто, додека незадоволните остануваат стабилни на 60 отсто.