Долниот дом на чешкиот Парламент одобри продолжување на вонредната состојба до 23 декември, што е пократко отколку што побара кабинетот на премиерот Андреј Бабиш.
Некои мерки воведени од чешката Влада за спречување на ширење на новиот коронавирус, како што се ограничување на јавните собири или прекин на работа на компании, можат да се применат само доколку се легално втемелени во вонредна состојба.