Европската асоцијација за автомобилска индустрија (ACEA) во вторникот објави дека продажбата на патнички автомобили е намалена за 51,8% во Европската унија, Велика Британија и во земјите од Европската асоцијација за слободна трговија.
Сите земји објавија пад на продажбата. Најголем пад забележа Италија, со пад на продажбата над 80%, а потоа следат Франција и Шпанија, пренесува Ројтерс.
Рено Груп и ПСА Груп објавија намалување на продажбата од над 60%, додека продажбата на Волксваген, БМВ, и Даимлер АГ опаднала за околу 40%.