Минатата година во Европската унија продадени се повеќе од 290 илјади елетрични автомобили, речиси двојно повеќе отколку во 2018 година, покажуваат податоците на Европското здружение на производители на автомобили.
Продажбата на годишно ниво пораснала за 93,8 отсто, соопштија од ова здружение. Холандија со 67,695 продадени возила и Германија со 63,491 биле најголемите европски пазари на автомобили на електричен погон.
Ова здружение истакна дека минатата година продадни се и околу 465 илјади хибридни возила, што е раст од околу 50 отсто во однос на претходната година.