Регистрацијата на патнички автомобили во Европа се зголеми за 8,6 проценти во октомври, што е највисоко ниво од 2009 година, според бројките објавени денес.
Скокот на продажбата е воден од силната побарувачка во Германија и Франција и пораст од 29 проценти на возилата „Фолксваген“, пренесува Ројтерс.
Регистрацијата на патнички автомобили е зголемена на 1,21 милиони автомобили во земјите на Европската унија и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), покажуваат статистичките податоци на Европската асоцијација за автомобилска индустрија (АЦЕА).
Продажбата на „Рено“ се зголеми за 15,8 проценти и „Хјундаи“ за 13,4 проценти.
Во Германија побарувачката за автомобили се зголеми за 12,7 проценти и во Франција за 8,7 проценти. Ова помогна да се компензира падот од 6,7 проценти во регистрацијата во Велика Британија, покажуваат податоците на ACEA.
Минатиот октомври, производителите имаа потешкотии да се прилагодат на построгите регулативи за загадување на воздухот што стапија во сила на 1 септември 2018 година.