Свет 18. април 2020. / 10:00

Продажбата на автомобили во ЕУ во март преполовена во однос на минатата година

Продажбата на автомобили во ЕУ во март преполовена во однос на минатата година

Асоцијацијата на европски производители на автомобили (АЦЕА) соопшти дека побарувачката за нови автомобили во Европа во март била препололовена, укажувајќи на тешките последици од пандемијата на Ковид-19 во автомобилската индустрија.

Во 26 земји на Европската унија (без Малта, за која нема податоци) регистрирани биле вкупно 567.308 нови автомобили, што е 55.1 отсто помалку во однос на истиот месец минатата година.

Падот е речиси седум пати поголем отколку во февруари, а е резултат на пандемијата на Ковид-19, поради која повеќето пазари се блокирани од средината на минатиот месец, а специјализираните продавници се главно затворени.

Меѓу водечките европски пазари најголем пад во побарувачката за автомобили е регистриран во март во Италија, земјата која во тоа време бележеше најтешки последици од пандемијата во Европа, воведувајќи строги мерки на изолација. Побарувачката за автомобили во оваа земја била намалена за 85, 4 отсто.

Лошо минаа и Франција и Шпанија, со 72,2, односно 69,3 отсто намалување. На најголемиот европски пазар за автомобили, германскиот, побарувачката е опадната за 37,7 отсто.