Свет 15. август 2018. / 15:12

Проблем во контролата на летање: Од Амстердам откажани полетувања

Проблем во контролата на летање: Од Амстердам откажани полетувања

На најфреквентниот аеродром во Европа, Шипхол во Амстердам, денеска дојде до пореметување во редот на летање.

Проблемот се појавил во контролата на летање околу 13 часот. Поради тоа биле одложени бројни полетувања, а за слетување авионите се пренасочувани на други аеродроми, јавува холандската агенција АНП.

Извори од аеродромот и од агенцијата за контрола на воздушниот сообраќај за медиумите наведуваат дека бројни летови се пренасочени од денеска во 13 часот, а причината за настанување на проблемот во контролата за летање се уште не е познат.

Најавено е и официјално соопштение од аеродромот Шипхол.