Свет 26. февруари 2020. / 12:42

Признанието го добил 11 дена пред смртта: Почина најстариот маж во светот

Признанието го добил 11 дена пред смртта: Почина најстариот маж во светот

Читетсу Ватанабе, Јапонец кој на 12-ти февруари беше прогласен за најстариот маж на светот, почина на денови пред да наполни 113 години. Живееше во пензионерски дом во јапонскиот град Нигата, а роден е на 5 март 1907 година.

Гинисовата книга на рекорди, која му го врачи признанието, потврди дека Ватанабе починал во неделата. Причините за смртта не се соопштуваат. Последните денови од неговиот живот не можел да јаде, добил грозница и тешко дишел.

Ванатабе имал 5 деца, 12 внуци, 16 правнуци и еден праправнук.

Кога го прашале во што е тајната на неговата долговечност, Ватанабе им порачал никогаш да не се лутат и секогаш да се смеат.

Најстарата жена во светот, Кане Танака, исто така е од Јапонија.