Свет 05. ноември 2020. / 19:15

Привремено запрено броењето на гласовите во Филаделфија

Привремено запрено броењето на гласовите во Филаделфија

Броењето на гласачките ливчиња добиени по пошта во Филаделфија е привремено запрено, пренесе телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си.

Причината за прекинот е барањето на демократите до Врховниот суд на Пенсилванија да ја поништи пресудата на понискиот суд за набудувачите задолжени за броење на гласовите, пренесуваат британските медиуми, без да дадат дополнително објаснување

Пенсилванија е една од клучните сојузни држави во САД за исходот од изборите, во кои броењето на гласовите се уште не е завршено. (МИА)