Свет 09. септември 2020. / 09:44

Привремено стопирано испитувањето на оксфордската вакцина против Ковид-19 – Забележана неповолна реакција кај испитаник

Привремено стопирано испитувањето на оксфордската вакцина против Ковид-19 – Забележана неповолна реакција кај испитаник

Привремено е прекината финалната фаза од клиничкото испитување на т.н. оксфордска вакцина по неповолната реакцијата што е забележана кај еден од испитаник.

Вакцината што заеднички ја развиваат Универзитетот во Оксфорд и британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ се смета за една од водечките опции за борба против Ковид-19 во светот. Сепак, случајот на „необјаснива болест“ е причината поради која тестирањето ќе биде запрено на одредено време, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извори од „АстраЗенека“ од каде прекинот го опишуваат како „рутински“.

„Би-Би-Си“ наведува дека вакцината успешно ја минала првата и втората фаза и се очекуваше да биде меѓу првите што би можела да се најде на пазарот по сите клинички фази што е потребно да се минат.

Третата фаза на испитување се спроведува на 30.000 лица во Велика Британија, во САД, во Бразил и Јужна Африка. Стопирана е на сите локации, а независни истражители најпрво ќе ги прегледаат сите податоци на сигурност пред регулаторите да одлучат дали истражувањето може да почне од почеток.

Ова е втор прекин на испитувањето на оксфордската вакцина што се случува со големите клинички тестирања кога волонтер ќе заврши во болница без да биде позната причината.