Американскиот министер за трговија Вилбур Рос изјави денеска дека американската влада ќе ја продолжи привремената лиценца на „Хуавеј“ за уште 90 дена.
Со тоа на кинеската компанија ќе и дозволат да купува делови од американски производители за да може да ги сервисира постојните клиенти.
„Хуавеј“ добива продолжен грејс период и покрај тоа што скоро 50 нејзини филијали се додадени на американската економска црна листа, пренесе агенцијата „Ројтерс“.