Свет 07. септември 2019. / 18:27

Приведени 10 лица поради финансирање тероризам

Приведени 10 лица поради финансирање тероризам

Италијанската полиција уапси 10 лица во централната провинција Абруко поради даночен криминал и перење пари. Постои сомнение дека целта на овие дела е да се финансираат исламски екстремистички групи.

Инспекторите на денешната прес-конференција соопштија дека осуммина Тунижани и двајца Италијанци се осомничени дека финансирале активности со „огромни суми пари“, а кои биле поврзани со радикалната исламистичка организација Ал-Нусра.

Според обвинителите, уапсените лица, меѓу кои и имамот на џамијата Дар Асалам во близина на градот Терам и еден италијански сметководител, ги користеле парите собрани од затајување данок за да финансираат екстремистички групи во Сирија и некои радикални имами со седиште во Италија.

Властите велат дека сите 10 лица кои се приведени се под истрага за наводно перење пари во терористички цели.