Руски бомбардер е присилно приземјен бидејќи му се расипал моторот, соопшти руската војска.
Министерството за одбрана појасни дека екипажот на авионот Ту-22М3 го слетал авионот во ненаселено подрачје во областа Астрахан, јужна Русија.
– Моторот се расипа за време на планираниот лет на авионот Ту22. Благодарение на соодветната акција, екипажот успеа да го слета авионот со расипан мотор надвор од населено место – се наведува во соопштението.
Во инцидентот се повредени двајца членови на екипажот, но сепак успешно го напуштиле авионот.
Како што се наведува, бомбардерот бил на обука и не носел оружје.
Ту 22М3 е суперсоничен бомбардер со два мотора, чие производство почна уште во време на Советскиот Сојуз, а се користи во мисиите во Сирија.