Свет 18. декември 2018. / 13:17

Припадник на ИД сакал да ја крене во воздух базиликата Свети Петар

Припадник на ИД сакал да ја крене во воздух базиликата Свети Петар

Италијанската полиција синоќа објави дека уапсила 20-годишен Сомалиец, осомничен член на Исламска држава, кој се заканувал дека ќе постави бомби во црквите, вклучително и во Базиликата Свети Петар.

Полицијата наведе дека исламистот Омар Моџин Ибрахим е приведен на 13 декември, а потоа обвинет за поттикнување и поддршка на тероризмот.

Ибрахим е приведе во операцијата што траела еден месец. Тој е уапсен во моментот кога се подготвувал да го напушти Бари, каде работел како чистач.

Тој е уапсен врз основа на прислушувани телефонски разговори. Ибрахим во Италија пристигнал во 2016 година, а често го користел лажното име Анас Калил, а на социјалните мрежи се претставувал како Јусуф.

Италијанската полиција пред Божиќ ги зајакна обезбедувањето околу црквите, вклучително и Базиликата Свети Петар.