Свет 16. јули 2018. / 10:28

Принцовите Чарлс и Вилијам ја одбиле средбата со Трамп

Принцовите Чарлс и Вилијам ја одбиле средбата со Трамп

Принцовите Чарлс и Вилијам одбиле да учествуваат во четиридневната британска турнеја на американскиот претседател, Доналд Трамп. Принцовите рекле дека се зафатени и дека не сакаат да се сретнат со него.

Според „Сандеј тајмс“, принцот Чарлс и неговиот син решително одбиле да се сретнат со Трамп. Според соопштението од Бакингемската палата, пак, Трамп бил во посета на владата и според тоа ниту еден член на кралското семејство нема обврска да биде присутен.
Медиумите пишуваат дека во петокот, кога Трамп беше на прием кај кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс бил на деловен состанок, а принцот Вилијам играл поло во хуманитарни цели.