Свет 01. март 2021. / 14:58

Принцот Филип префрлен во друга болница – го испитуаат неговото срце

Принцот Филип префрлен во друга болница – го испитуаат неговото срце

Британскиот принц Филип, 99-годишниот сопруг на кралицата Елизабета Втора, денеска е префрлен во друга болница, во централниот дел на Лондон за да го тестираат неговото срце. Ова тестирање се должи на болеста кој тој претходно ја имал на срцето и да добие соодветен третман поради инфекцијата.

Тој добро реагира на лекувањето, но се очекува да остане во болницата барем до крајот на неделава, се вели во соопштението на Бакингемската палата, пренесе Ројтерс.

Принцот Филип престана да ги извршува јавните работи во 2017 година, а останатите членови на кралското семејство ги презедоа неговите службени должности.