Ајрин Мејор (83) е хоспитализирана во критична состојба со напукната карлица и низ други повреди откако на неа налетал мотор од придружбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои оделе во Виндзор на свеченост по повод витезите од Редот подвезици.
Несреќата се случила во понеделник во 12.50 во четвриот Ист Шин Ричмонд, а сведоците велат дека полицаецот на мотор од придружбата поминал во спротивна лента, пишува Дејли Меил.
Ја удри со својот мотор и таа падна на земја. Полицаецот беше очаен. Но беше на спротивната страна на патот. Можеше да биде и полошо – рекол еден сведок за Сан.Кејт и Вилијам не го виделе судирот, рекол извор од кралското семејство.