Свет 20. септември 2018. / 21:21

Превртен брод со 400 патници во езерото Викторија во Танзанија, стотици удавени

Превртен брод со 400 патници во езерото Викторија во Танзанија, стотици удавени

Спасувачки екипи трагаат по неколку стотици патници од брод што потонал на езерото Викторија, во близина на танзанискиот град Мванза.

Досега се пронајдени 40-ина тела, а стотина патници биле спасени. На бродот имало над 400 патници, далеку над максималниот капацитет. Локалните рибари им се придружиле на спасувачките екипи во обид да спасат што е можно повеќемина од патниците.

Бродските несреќи се честа појава на езерото Викторија, каде сопствениците на бродовите не ги запазуваат стандардите за пловидба.