Свет 06. мај 2020. / 19:00

Превенцијата и контролата на Ковид-19 во Кина е се уште неизвесна

Превенцијата и контролата на Ковид-19 во Кина е се уште неизвесна

Превенцијата и контролата на новиот коронавирус во Кина и понатаму се соочува со голема неизвесност, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг, во момент кога Владата планира повеќе мерки за ублажување на даночните оптоварувања на компаниите и зголемена кредитна поддршка.

На владината седница, која денеска ја водеше премиерот Ли Кечијанг, владата соопшти дека ќе ги поддржи банките во издавање повеќе кредити без гаранции со продолжување на заемите и отплатите на камати за компаниите кои го задржуваат персоналот, објави државната телевизија.