Американски и кубански официјални претставници ќе се состанат денеска во Вашингтон за да утврдат од каква мистериозна болест заболуваат американските дипломати во Куба.
Двете страни ќе настојуваат да го одредат методот и мотивот зад овие т.н. здравствени напади, кои започнаа пред речиси две години и погодија повеќе од 20 дипломати.
Агенцијата за национална безбедност на САД и членови на Конгресот веќе долго време се вознемирени поради недостатокот на одговори во врска со овие настани.
Состанокот се одржува во екот на бројни извештаи кои укажуваат на тоа дека иследниците ги смалиле сомнежите за виновникот и причината зад тие настани. Стејт департментот ги негираше овие извештаи, но многумина се сoмневаат дека само се обидува да го намали нивното значење.
Куба не спори дека дипломатите имаат симптоми, но вели дека нема докази во прилог на американските тврдења дека тие биле предизвикани со планирани напади на кубанска територија.