Свет 01. октомври 2019. / 16:17

Претставници на САД и на Северна Кореја планираат средба следната недела

Претставници на САД и на Северна Кореја планираат средба следната недела

Официјални претставници на САД и на Северна Кореја планираат да се состанат следната недела, изјави портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус.

Не можам да споделам други детали за состанокот – рече Ортагос во краткото соопштение, пренесува Ројтерс.

Претходно денеска севернокорејската државна агенција КЦНА објави дека Северна Кореја и САД се согласиле да одржат разговори на пониско ниво на 5 октомври и подготвителен состанок еден ден порано.

Разговорите, чија цел е денуклеаризација на Северна Кореја, запреа по вториот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун во Виетнам, кој заврши без договор.