Свет 29. јуни 2018. / 12:34

Претставничкиот дом на САД одобри буџет од 675 милијарди долари за Пентагон

Претставничкиот дом на САД одобри буџет од 675 милијарди долари за Пентагон

Претставничкиот дом на САД му одобри буџет од 675 милијарди долари на Министерството за одбрана, со кој е предвидено 2,6 отсто зголемување на финансиските средства за армијата.

Тој беше усвоен со 359 гласови, против се изјаснија 49, и ќе замине на разгледување во Сенатот.

Вкупно 146 милијарди долари ќе бидат наменети за воена опрема, вклучувајќи 22,7 милијарди за 12 брода, две подморници и три брзински чамци за водење на борби во крајбрежните зони.

Уште 9,4 милијарди долари се предвидени за 93 авиони Ф-35 и четири милијарди за Блек Хоук, Апачи и други хеликоптери.

Според републиканецот Кеј Грејнџер, кој претседава со една од поткомисиите за одбрана, со овој предлог закон се претставени потребните ресурси „за одговор и спречување на закани од земји како Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, како и за справување со екстремистите низ целиот свет”.