Претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва, му се закани со затвор од 20 години на авторот на изјава за која се тврди дека била потпишана од него во која е наведено дека се продолжени мерките за спречување на корона вирусот.
Мнангагва за државната радиотелевизија „ЗБЦ“ демантираше дека го продолжил 21-дневното ограничување на движењето. Изјавата во која се тврди дека ограничувањата биле продолжени минатата недела беше објавена на социјалните медиуми и веднаш беше демантирана од Владата.
Ако ја фатиме оваа личност, тоа мора да биде пример и тие мора да бидат осудени за ниво 14, што е 20 години затвор. Мислам дека мора да покажеме дека не сакаме да се шират лажни вести – изјава Мнангагва.
Оваа африканска држава минатата недела објави серија мерки, кои вклучуваат затвор до 20 години за луѓето кои шират невистини за епидемијата.