Кинескиот претседател Си Џинпинг има намера следната година да ја посети Северна Кореја откако добил покана од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, објави Јужна Кореја.
Тоа ќе биде прва посета на кинески претседател на таа држава од 2005 година кога ја посети Ху Џинтао.
Си ја посети Северна Кореја во 2008 година во својство на кинески потпретседател.
На самитот на АПЕК, Си нагласил во разговор со јужнокорејскиот претседатаел Мун Џае-ин дека Кина ќе продолжи со конструктивна улога во поддршка на мирот на Корејскиот полуостров.