Претседателот на Казахстан, Касим Жомарт Токајев изјави дека одговорните за падот на авионот на компанијата „Бек Ер“, што се урна во близина на градот Алмати, при што загинаа најмалку 12 лица ќе се соочат со „тешка казна во согласност со законот“.
Тој на Твитер изрази сочувство до семејствата на жртвите и 28 декември го прогласи за ден на жалост во Казахстан.
Выражаю глубокие соболезнования родным и близким погибших граждан при падении самолета около Алматы сегодня утром, 27 декабря.Пострадавшим будет оказана помощь. Создана правительственная комиссия во главе с А.Маминым.Все виновные понесут строгое наказание в соответствии с законом
— Qasym-Jomart Toqayev (@TokayevKZ) December 27, 2019
Министерството за внатрешни работи на Казахстан соопшти дека го истражува можното кршење на правилата на безбедност на летот со 93 патниви и петмина членови на екипажот. Кога се случи несреќата во околината имало густа магла.
Комитетот за воздухопловство ги суспендира сите летови на авиокомпанијата „Бек Ер“ и авионот „Фокер 100“ додека се чекаат резултатите од истрагата.
Авионот што се урна е произведен во 1996 година, а последната потврда за лет е изададена во мај 2019 година.