Свет 27. септември 2019. / 11:22

Претседателот на Ел Салвадор го прекина говорот во ОН за да направи селфи

Претседателот на Ел Салвадор го прекина говорот во ОН за да направи селфи

Пред своето прво обраќање пред Генералното собрание на ОН, 38-годишниот претседател на Ел Салвадор, Наџиб Букеле ја замоли публиката да почека секунда.

На изненадување на многумина, тој го извади мобилниот телефон и направи селфи.

Потоа, следеше пораката: „Верувајте ми, многу повеќе луѓе ќе го видат ова селфи отколку што ќе го слушнат овој говор“, рече Букеле пред своето обраќање, повикувајќи ги Обединетите нации да фатат чекор со времето и светските лидери повеќе да се поврзат со младите од своите земји.

Поранешниот градоначалник на главниот град Сан Салвадор, е чест корисник на социјалните мрежи. Во говорот својата победа на изборите ја припиша на завладувањето со платформите како што е Фејсбук лајв, додавајќи дека неговите политички ривали не ја разбираат целосно важноста на социјалните мрежи.