Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера, објави дека поднел во Парламентот план за построги санкции за сите напаѓачи на полицајци, речиси два месеца по почетокот на тешката социјална криза што ја потресе земјата. Во кризата од 18 октомври, најлошата во Чиле од враќањето на демократијата во 1990 година, загинаа 24 лица, а илјадници други беа повредени. Пријавени се бројни полициски прекршувања на човековите права.
Текстот на планот на Владата, што ги заострува казните за сторителите на напади врз силите за спроведување на законот, смета дека се отежнувачки околностите на групните напади или оние каде што напаѓачите носат маски. Времетраењето на новите казни се уште не е објавено. Ново е што осудените лица нема да можат да бидат ослободени условно пред издржување на две третини од казната.
За време на презентацијата на нацрт-законот, претседателот Пинера истакна дека неговата влада категорично осудува какво било нарушување на човековите права на граѓаните, истовремено категорично осудувајќи ги нападите, малтретирањето и понижувањето што ги претрпеле полицајците.
Тој истакна дека „огромното мнозинство“ на полицајците дејствувале според законот и дека за време на протестот биле повредени 2.500 полицајци.