Претседателот на Гватемала, Алехандро Џаматеи, е во самоизолација и ќе работи од дома, откако најмалку 18 лица вработени во неговата резиденција, се позитивни на тестот за корона вирусот.
Џаматеи во телевизиското обраќање соопшти дека и тој и потпретседателот Гилермо Кастиљо биле тестирани, но дека се негативни.
Кастиљо, исто така, ќе работи од дома.
Пристапот до резиденцијата во следните 72 часа ќе биде ограничен, а сите вработени ќе бидат тестирани.
Во Гватемала досега се потврдени 7.055 случаи на корона вирус, од кои починаа 252 лица.