Властите во Ханој, главниот град на Виетнам, побараа од граѓаните да престанат со консумирање на кучешко месо, бидејќи тоа му штети на имиџот на градот, а неправилното одгледување и убивање на животни би можело да прошири беснило и други заразни болести.
За многу Виетнамци кучешкото месо е деликатес за кој се верува дека ја зголемува издржливоста, пренесува агенцијата АП.
Заменик градоначалникот на Ханој, Нгуен Ван Су, на веб-страницата на градот појасни дека убивањето и консумацијата на месо од кучиња и мачки ги вознемирува странците и негативно влијае врз сликата на цивилизирана и модерна престолнина.
Тој им наложи на локалните власти да ја зголемат свеста за ризикот од појава на беснило при размножување на кучиња и мачки. Кампањата е дел од националната програма за искоренување на беснилото до 2021 година.