Свет 05. септември 2018. / 16:53

Премиерот на Саксонија: Ултрадесничарскиот екстремизам претставува најголема закана за демократијата

Премиерот на Саксонија: Ултрадесничарскиот екстремизам претставува најголема закана за демократијата

Премиерот на германската покраина Саксонија, Михаел Кречмер предупреди денеска дека ултрадесничарскиот екстремизам претставува најголема закана за демократијата и треба да постои нулта толеранција кон злосторствата на екстремната десница.

Тој во саксонскиот Парламент истакна дека властите официјално ќе именуваат контакт-лице за жртви и ќе го разгледаат скратувањето на правната процедура против екстремистите.

Пред десет денови во Кемниц мигранти убија еден Германец по што започнаа антимигрантски протести во тој саксонски град.

Во судири меѓу ултрадесничарите, полицијата и контра демонстрантите се повредени неколку лица.