Пакистанскиот премиер Имран Кан денеска го „преживеа“ гласањето доверба, соопшти спикерот на парламентот по гласањето, јавуваат државните медиуми.
Кан беше поддржан од 178 пратеници во Долниот дом на Националното собрание, во кое има 340 члена, телото во кое се бираат и разрешуваат премирите во земјата.
Сите 160 членови на опозицијата го бојкотираа гласањето, што овој пат беше побарано од премиерот Кан, по поразот од пред неколку дена на неговата партија за едно клучно место во Сенатот.