Премиерот на Израел Бенџамин Нетанјаху, денеска изјави дека тој ќе биде првиот граѓанина на Израел кој ќе ја прими вакцината против Ковид-19.
Нетанјаху оваа изјава ја даде само што пристигнаа првите 100.000 дози од вакцините на Фајзер.
– Имам доверба во вакцината на Фајзер и ќе бидам првиот кој ќе се вакцинира, за да дадам пример за останатиот дел на јавноста, изјави Нетанјаху.
Израелските медиуми пренесоа дека товарен авион пристигнал од Белгија на аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив, носејќи 100.000 дози од вакцината на Фајзер.
Вакцините веднаш се префрлени во специјално складиште кое било подготвено за складирање на вакцините.
Во наредните неколку денови треба да пристигне нова пратка од 500.000 вакцини, додека наредната недела се очекува да пристигнат уште еден милион од вакцините на Фајзер.