Свет 02. јануари 2021. / 20:21

Премиерката на Шкотска: Сакаме да се вратиме во ЕУ како независна нација

Премиерката на Шкотска: Сакаме да се вратиме во ЕУ како независна нација

Шкотскaтa премиерка Никол Старџен, денес изрази надеж дека Шкотска ќе стане независна и повторно ќе се приклучи на ЕУ, посочувајќи дека Шкотите не го сакаат Брегзит, за што гласаа против на референдумот во 2016 година.

-Сега поминуваме низ „тврд Брегзит“ спротивно на нашата волја, во најлош можен момент, среде пандемија и рецесија, напиша Старџен на веб-страницата на својата партија СНП, која ја поддржува независноста на Шкотска, два дена по дефинитивниот излез на Велика Британија од ЕУ.

Таа ја повтори својата подготвеност да организира нов референдум за независност на Шкотска, откако првиот таков обид не успеа во 2014 година, бидејќи 55% од Шкотланѓаните гласаа против.

Одлуката за организирање референдум треба да ја донесе британскиот премиер, кој одлучно ја отфрла таквата можност.

Според последната анкета, спроведена од институтот Саванта Комрес во средината на декември, 58 проценти од Шкотланѓаните поддржуваат раскин со Велика Британија како никогаш порано.