Хонгконг би можело и по истекот во 2047 година да ги задржи придобивките што доаѓаат во рамките на принциот „една земја, два система“ што ги има со Кина.
Сепак, како што истакна премиерката на Хонгконг, Кери Лам, такво нешто ќе биде возможно само доколку Хонгконг остане верен на Пекинг.
Кога, по 150 години колонијално владеење, Британците го вратија Хонгконг на Кина во 1997 година, градот стана посебна административна територија на Кина, со кинеска гаранција дека ќе го задржи капиталистичкиот економски систем во текот на наредните 50 години.
Во Хонгконг со месеци се одржуваа протести поради незадоволство околу предлог-законот за екстрадиција на Кина, кој подоцна беше отфрлен. Лам се осврна на насилството за време на тие протести и повика на поддршка за Владата.
– Хонгконг може повторно да отплови – изјави Лам, нагласувајќи ја заложбата на Владата да го заштити владеењето на правото.