Свет 13. март 2021. / 21:17

Премиерите на шест земји-членки на ЕУ бараат итен Самит за распределбата на вакцините

Премиерите на шест земји-членки на ЕУ бараат итен Самит за распределбата на вакцините

Премиерите на шест членки на Унијата, Австрија, Словенија, Хрватска, Бугарија , Чешка и на Латвија и пишаа писмо на претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен и на претседателот на Советот Шарл Мишел во кое побараа свикување итен Самит на кој ќе се зборува за распределбата на вакцините.

Нееднаквата распределба на вакцините е неприфатлива. Сите граѓани на Европската унија над 18 треба да се имунизираат до средината на две илјади дваесет и прва година, стои во писмото.

Со ваквата динамика на распределба еден дел од унијата ќе биде целосно вакциниран додека поголемиот дел воопшто нема да ја почне имунизацијата.

Шесте премиери се заложија за подеднаква распределба на вакцините. Во меѓувреме „АстраЗенека“ која произведува вакцини што во ЕУ се дистрибуираат преку Ковакс системот, денеска објави дека нема да може да произведе колку што има нарачки.