Гита Мода од Стокпорт патувала од Манчестер до Делхи, поминувајќи 7.000 километри со авион на компанијата Емирејтс со пасошот од војот партнер Дилип.
Таа како што наведува Идепендет, случајно го собрала пасошот на својот сопруг кога тргнала на службено парување во Индија.
Грешката е забележана се додека Мода не слетала во Делхи, каде што требала да пополни емиграциски формулар, поради што одбиен и е влез во Индија. Таа е вратена во Дубаи со следниот лет, каде што преноќила, а потоа морала да се врати во Манчестер по исправни документи и повторно да резервира лет за Делхи, што ја чинело и пари и време.
Роднина на Гите моде рекол дека Мода доживеала голема непријатност. Тие се прашуваат како можело да се случи таков пропуст во компанијата чија безбедност е на високо ниво.
Емирејтс испратиле извинување до госпоѓата Моди истакнувајќи дека дошло до пропуст и дека високите стандарди овој пат не биле испочитувани.
– Истражуваме како е дојдено до овој инцидент, а одговорниот прсонал ќе биде преквалификуван – се наведува во соопштението на оваа авио-компанија.