Шведските власти влегоа во седиштето на една од најголемите банки во земјата „Сведбанк“ во рамки на истрагата за перење пари во Естонија.
Државното обвинителство и другите надлежни институции истражуваат дали 15 најголеми акционери во „Сведбанк“
Незаконски добивале информации за вклученоста на банката во скандалот со перење пари, пред шведската телевизија СВТ за првпат да ја објави информацијата..
Се тврди дека клиентите на „Сведбанк“ имале можност да прелеат 4,3 милијарди долари од данска банка во Естонија, особено откако банката прифатила клиенти коишто претставувале сериозен ризик и дека не било издадено известување за сомнителни трансакции и активности.
Банката соопшти дека овој документ е дел од една поширока истрага, за која властите биле информирани.