Свет 20. јуни 2018. / 18:33

Преку 50 талибанци убиени за време на примирјето

Преку 50 талибанци убиени за време на примирјето

Најмалку 50 талибанци и 28 лица од авганистанските воени сили беа убиени за време на насилствата на последниот ден од примирјето на владите, изјавија денес официјални извори.

Министерството за одбрана потврди дека 11 борци од Армијата на Авганистан биле убиени, а девет повредени кога вооружените бунтовници упаднале во базата во северо-западната провинција Бадгис.

Портпаролот на министерството Мохамад Радманеш изјави за агенцијата „Анадолија“ дека талибанците ги нападнале војниците во областа Бала Мургаб.

„Нашите војници дисциплинирано го почитуваа примирјето кога талибанците нападнаа,“ рече портпаролот. Во меѓувреме, администрацијата изјави дека 10 војници биле убиени по првичниот напад на талибанците. Уште 20 биле убиени во оклопни возила додека се движеле кон местото на нападите.