Свет 19. декември 2019. / 14:25

Преку 300 апсења во меѓународна операција против италијанската мафија „Ндрангета“

Преку 300 апсења во меѓународна операција против италијанската мафија „Ндрангета“

Во полициска акција против мафијашката организација „Ндрангета“ се издадени 334 налози за апсење.

Дел од осомничените се приведени во Бугарија, Германија и Швајцарија, јавува германската веб-страница РДН. Во акцијата учествуваа 2.500 полицајци.

Операцијата била концетрирана во областа Вибо Валентија во Калабрија, но и во други региони на Италија. Во акцијата е одземена стока во вредност од 15 милиони евра.

Осомничените се обвинети за изнуда, убиства, перење пари и учество во мафијашка организација.