Свет 27. јануари 2021. / 15:32

Прекината вакцинацијата во Мадрид

Прекината вакцинацијата во Мадрид

Локалните власти во Мадрид објавија дека вакцинацијата против корона вирусот е прекината во текот на оваа и следната недела поради недостиг на вакцини.

Властите ја прекинаа вакцинацијата за новите приматели на прва доза.

Досега во главниот град на Шпанија се вакцинирани околу 180.000 лица, а повеќе од 1,3 милиони граѓани во целата држава.