Свет 07. јули 2018. / 17:22

Преговорите Северна Кореа-САД за Мајк Помпео се „продуктивни“ според корејците тие се „за жалење“

Преговорите Северна Кореа-САД за Мајк Помпео се „продуктивни“ според корејците тие се „за жалење“

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека разговорите со американскиот државен секретар Мајк Помпео биле, како што велат за жалење. Помпео претходно денеска изјави дека дводневните разговори во Пјонгјанг биле „продуктивни“.

Тој рече дека разговорите со високиот севернокорејски претставник Ким Јонг Чол биле водени „со добра волја“ и дека во некои области бил постигнат „голем напредок“.

Но портпаролот на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја потоа изјави дека Вашингтон не успеал да го одржи духот на самитот минатиот месец меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Тој во изјавата ја обвини американската страна дека има еднострани барања за денуклеаризација на Пјонгјанг. Портпаролот предупредува дека резултатите од продолжените преговори се „ загрижувачки“ и дека може да ја разнишаат цврстата подготвеноста на Северна Кореја за денуклеаризација.