Свет 17. јули 2020. / 12:50

Предупредување од ООН: До крајот на годинава 265 милиони луѓе ќе бидат загрозени од глад заради Ковид-19

Предупредување од ООН: До крајот на годинава 265 милиони луѓе ќе бидат загрозени од глад заради Ковид-19

Заради пандемијата од Ковид-19, до крајот на годинава 265 милиони луѓе во светот ќе бидат загрозени од глад, предупредува ООН.

Светската организација упати апел за собирање 10, 3 милијарди долари за да може да помогне во борбата со пандемијата од корона вирусот во сиромашните и во земјите во развој.

Од ООН предупредуваат дека ако богатите држави не преземат мерки, светот ќе се соочи со низа кризи, а милиони луѓе ќе бидат озложени на глад.