Свет 24. јануари 2019. / 20:35

Предупредување од Гутереш: Ја губиме трката со климатските промени и би можело да биде трагично

Предупредување од Гутереш: Ја губиме трката со климатските промени и би можело да биде трагично

“Развојот на настаните е полош од предвидениот”, истакнал Гутереш.

Главниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на Светскиот економски форум во Давос. предупредил дека ја губиме трката со климатските промени поради недостиг на политичка волја.

-Климатските промени се побрзи од нас, ја губиме трката и тоа би можело да биде трагедија за целата планета, рекол Гутереш во говор кој бил пренесуван директно на “Facebook”.

Развојот на настаните е полош од предвидениот и апсолутно е неопходно да се преземат чекори, инсистирал Гутереш во обраќањето пред околу 3.000 економски и политички службеници кои од почетокот на неделата се собрани во швајцарското зимувалиште.

Парискиот договор за климата е загрозен откако американскиот претседател одлучил да ја повлече својата земја од тој меѓународен договор, а се поизгледно е дека истото би можел да го направи и претседателот на бразилската крајна десница Јаир Болсанаро.

Но, главниот секретар на ОН тврди дека и обврските од Парискиот договор не биле завршени. Во рамките на тој договор склучен во 2015-та година, земјите потписнички се договориле да го ограничат зголемувањето на температурите на помалку од 2 степени во однос на прединдустрискиот период.

-Државите мораат да преземат поамбициозни обврски, оценил Гутереш и истакнал дека недостасува политичка волја додека климатските промени се најголем проблем со кој човештвото е соочено.

-И натаму субвенционираме фосилна енергија, што е неразумно.