Свет 17. декември 2019. / 14:40

Предлогот за федералниот буџет на САД изнесува 1.400 милијарди долари

Предлогот за федералниот буџет на САД изнесува 1.400 милијарди долари

Раководството на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го претстави федералниот пакет за буџетска потрошувачка за 2020 година во износ од 1.4оо милијарди долари со невообичаено големо оптоварување на ставките кои се додадени во последен момент.

Гласањето во Претставничкиот дом е закажано за денеска во врска со сеопфатниот Закон за буџет на 2.313 страници.

Буџетот треба да му овозможи на американскиот претседател Доналд Трамп финансирање на изградбата ограда на границата меѓу САД и Мексико.

Предлог законот содржи ставки кои го одржуваат односот на силите во Вашингтон, нудејќи им на пратениците повеќе работи за гласање, и „за“ и „против“.

Не е сигурно дека Трамп ќе го потпише законот за буџет, бидејќи со прекин на финансирањето може да ги блокира федералните власти, борејќи се на тој начин против процедурата која е започната за негова смена, предводена од опозициските демократи, кои се мнозинство во Претставничкиот дом.