Свет 24. јули 2018. / 15:42

Предлог: Европската Комисија да плаќа по 6.000 евра за секој прифатен имигрант

Предлог: Европската Комисија да плаќа по 6.000 евра за секој прифатен имигрант

Европската комисија денеска предложи да им се плаќа на земјите членки на Европска унија по 6.000 евра за секој прифатен мигрант, кој би бил спасен во Средоземно Море.

ЕК наведе дека сака да понуди „целосна финансиска поддршка“ на која било земја членка која ќе се пријави да постави контролни центри за мигрантите, во кои ќе се утврдува дали истите имаат право на меѓународна заштита.

Земјите-членки на Европска унија в четврток ќе почнат разговори за таквиот предлог.