Свет 15. август 2019. / 19:48

Пред резиденцијата на Путин е пронајдена бомба!

Пред резиденцијата на Путин е пронајдена бомба!

Авионска бомба од Втората светска војна е пронајдена и отстранета од подрачјето кое и припаѓа на официјалната резиденција на претседателот на Русија, изјави командантот на Кремљ, Сергеј Хљебников. Тој изјави дека бомбата е пронајдена при археолошките ископувања, кои се привремено стопирани.

Пронајдена е неексплодирана авионска бомба, која веројатно останала од Втората светска војна. Се наоѓала длабоко под површината, истакнал Хљебников.

Хљебников вели дека бомбата е најдена во делот на Кремљ, кој некогаш служел како подрум за лед и дека е отстранета од површината која и припаѓа на резиденцијата на рускиот претседател.