Свет 11. јануари 2021. / 09:14

Пред една година беше забележан првиот случај на коронавирус во Вухан

Пред една година беше забележан првиот случај на коронавирус во Вухан

Точно пред една година во Вухан беше забележен првиот смртен случај од ковид-19, објави Кина. По 12 месеци, од ковид-19 во светот починаа 1,9 милиони лица.

Денес после една година во Вухан луѓето можат слободно да одат на работа. Се уште се знае малку за првата жртва, а пазарот каде беа откриени првите пријавени групи случаи остана затворен.

Во извештај од 11 јануари 2020 година, Кина потврди прва смрт од непознат вирус, а жртвата беше 61-годишен маж, кој беше бил клиент на сега веќе неславниот влажен пазар во Вухан, поврзан со многу случаи.

Независни експерти допрва треба да добијат пристап до пазарот или детална реконструкција на тие рани денови на вирусот во Вухан.