Маж е убиен со нож пред џамија во Лондон, објавија британските медиуми.
Централната џамија во Лондон е блокирана откако во нејзина близина е пронајден маж со убодни рани. Полицијата набрзо започнала акција за да ги фати осомничените лица, кои наводно побегнале и се сокриле во џамијата. Во акцијата учествуваше и хеликоптер.
Сомалиецот Мухамед Јусуф, еден од верниците кои често ја посетуваат џамијата во Лондон, раскажал дека две лица нападнале еден човек, по што се сокриле во џамијата.
Инцидентот според полицијата не е поврзан со тероризам.